Дешан по поразот од Турција: За нас тоа беше шамар
Foto

Дешан по поразот од Турција: За нас тоа беше шамар

Тренерот на Франција, Дидие Дешан не го криеше разочарувањето откако загуби 0-2 од Турција во Коња. Не толку резултатот колку ужасната игра го налути менторот на „петлите“ и тој ги критикуваше фудбалерите.

– Кога екипата се претставува на тој начин, нема ништо позитивно, што да се истакне. Не направивме што требаше, а против нас имаше организиран и доста мотивиран ривал. Неопходно е да играме многу подобро без разлика на фактот дека ние сме светски шампиони. За нас тоа беше шамар. Повеќе нема што да додаде, изјави францускиот селектор.

Интересен факт е дека „петлите“ за прв пат од 10 години не упатија ниту еден прецизен удар кон противничкиот гол. Французите шутнаа четири пати во натпреварот, но сите нивни удари излегоа надвое одрамките на голот. Покрај тоа, за четири години Франција не дозволила повеќе од еден гол пред паузата.

0 Коментари

Остави коментари