Десетици загинати и стотици повредени во силниот земјотрес во Турција
Foto

Десетици загинати и стотици повредени во силниот земјотрес во Турција

Десетици загинати и стотици повредени е билансот од силниот земјотрес што го погоди турскиот брег на Егејското море во близина на градот Измир, а северно од грчкиот остров Самос.

Во Измир се урнати десетици згради, а спасувачките екипи трагаат по преживеани во урнатините. Од помало цунами поплавени се и улици во Измир.

Силината на земјотресот беше 6,6 степени по рихтеровата скала, а потоа следуваа и неколку последователни потреси. Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави дека од силината на земјотресот се оштетени повеќе објекти, а од урнатините се извлечени стотина лица.

„Најмногу урнати згради има во областите Борново и Бајракли и таму има луѓе под урнатините. Граѓаните да не влегуваат во оштетените објекти поради опасност од нови потреси.“ - изјави Сулејман Сојлу – министер за внатрешни работи.

На грчкиот остров Самос загинаа двајца тинејџери, а е оштетена црква и неколку објекти. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис разговарал со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изразувајќи му сочуство за настраданите. И двете земји најавија помош едни кон други. Земјотресот, кој се почувствувал и во Атина и Истанбул, се случил на длабочина од 16 километри.

0 Коментари

Остави коментари