Десет години затвор за организаторот на најголемиот грабеж во британската историја
Foto

Десет години затвор за организаторот на најголемиот грабеж во британската историја

Лидерот на бандата на „Дедовци провалници“ е осуден на десет години затвор како организатор на најголемиот грабеж во британската историја извршен во 2015 година во лондон. 58-годишниот Мајкл Сид, бил уапсен пред една година во својот стан во северен лондон. Експертот за алармни системи тогаш беше единствениот член на бандата кој сѐ уште беше на слобода. Обвинителството наведе дека тој бил „еден од водачите“ на грабежот во кој крадците одзеле злато, накит и скапоцени камења во вредност од 16 милиони евра.

Деветмина крадци се веќе осудени поради учество во грабежот со сценарио достојно за Холивуд кое го изврши група во која биле шеесетгодишник и двајца седумдесет годишни мажи. Преоблечени во работници на гасна компанија, со градежни шлемови на главите, влегле преку лифтот и со помош на дијамантски индустриски дупчалки издупчиле три големи дупки во бетонскиот ѕид дебел половина метар. Групата испразнила 73 сефа. Голем дел од украдените скапоцености никогаш не се најдени.

0 Коментари

Остави коментари