Деребанов во 24 анализа :Ние сме навикнати да бараме брзи решенија и ги одбегнуваме структурните промени

Експертот и консултат, Никола Деребанов во 24 анализа рече дека сите краткорочни решенија не даваат резултат. Според него потребна е и поддршка која ќе им донесе ефект на земјоделците во процесот на производството.

„За жал сите тие краткорочни мерки не даваат резултат. Ние сме навикнати да бараме брзи решенија и ги одбегнуваме структурните промени бидејќи тие ќе се видат после мандатите на Владите. Ако се договореле две Влади ќе се воведело некој ред. Треба да се договорат која насока ќе ја следат. Ако имаше структурни реформи пред 10 години сега ќе имавме постабилно змејоделско производство“, изјави Деребанов.

Тој рече дека дезинтегрираниот систем во земјоделството настанал уште во процесот на транзиција.

„Подобро да се поддржи група на земјоделци која ќе може да реинвестира во знаење, производи и ќе се занимава само со змејоделство. Нема ништо лоишо ако ги поттикнувате земјоделците да проаснат. Со 2 хектари житарица не можете да издржувате семејство. Структурните проблеми мора да ги решаваме, премалите земјоделци ќе мора да се здружат во кооперативи ако сакаат да добивата поддшка од државата“, рече Деребанов.