Депонирани оставките на министрите на ДУИ, власта чека потег од Mицкоски
Министрите во Владата од редовите на ДУИ вчера поднесоа писмени оставки од функциите до премиерот Димитар Ковачевски, во насока на исполнување на едно од барањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а со цел да бидат изгласани уставните измени со што би се деблокирала евроинтеграцијата на земјата.
Ос СДСМ го поздравија потегот и порачаа дека на потег е Христијан Мицкоски да покаже државнички капацитет и одговорност. од ВМРО-ДПМНЕ и натаму велат потребни се брзи избори. А во кусата пишана реакција го поздрави потегот на министрите на ДУИ, но го повтори ставот дека се за брзи избори.
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, вчера упати јавно писмо до премиерот Ковачевски, во кое вели дека министрите и владините функционери од редовите на Демократската унија за интеграција поднесуват оставки од функциите што во моментов ги извршуваат и оти оставките ќе се материјализират автоматски во моментот кога опозицијата ќе гласа за уставни измени.
Потребата за носење на уставните измени минатата недела го мина комисискиот филтер, а пленарната седница е закажана за 18 август.