Депонијата кај Арачиново и покрај ветувањата на надлежните, никако да престане да загадува
Оваа слика е само една од класичните примери з аобјаснување на екоцидот во државата. Типичен пример штетно по здравјето на секој еден човек. Прав и пепл на сите страни – чад кој го надополнува и така тешкиот воздух за дишење кој се шири оа Арачиново низ цело Скопје.
Оваа депонија во Арачиново е опстојувачка долги години кој како стигне со ветувања но никако и со конкретно решение кое пред се ќе биде во интерес на здравјето на граѓаните. Со Драган Димковиќ од Зелен хуман град, на чија иницијатива, излеговме на терен да ја видиме состојбата се со цел да се алармира за што поскоро решавање на овој проблем.
Димковиќ вели дека долгогодишното одлагање и палење отпад на нелегални депонии, како оваа во Арачиново, директно го нарушува Уставот на Република Македонија, создавајќи сериозни еколошки последици за Скопје и околината преку загадување на воздухот, почвата и водите; како и здравствени последици врз луѓето и животните.
Во однос на прашањето за депонијата на излезот од Арачиново кон Грушино, одговор побаравме од градоначалникот на општина Арачиново, Даут Беќири кој преку писмен допис ни кажа дека ова е проблем со кој Општината се соочува подолг период и на кој активно работи на изнаожање на решение. Градонаќалникот Беќири вели дека во моментов, пожарот на локацијата е локализиран, а во интервенцијатапомогнале и Центарот за управување со кризи.
- За жал, ваквите пожари се појавуваат речиси секоја година, поради што мора да работиме и на долгорочно, системско решение. Станицата за селекција на отпад што ја реализиравме ќе ни помогне значително подобро да го менаџираме отпадот и да го намалиме неговото неконтролирано одлагање. Во однос на трајното решение, преку проект поддржан од Европската Унија е предвидено воспоставување на регионален систем за управување со отпад, со регионални депонии низ државата. Со изградбата и ставањето во функција на регионалната депонија во Дрисла, отпадот од Општина Арачиново ќе се носи таму согласно системот. За реализацијата на овој процес е потребно време, но очекувањето е дека во следните неколку години, со целосното функционирање на регионалниот систем, овој проблем конечно ќе биде решен на траен начин. Како градоначалник, моја обврска е до тогаш да продолжиме со редовно менаџирање на отпадот, навремено реагирање при проблеми и преземање на сите можни мерки за заштита на животната средина и здравјето на граѓаните.“ - вели градоначалникот на општина Арачиново, Даут Беќири.
Од Центарот за управување со кризи велат дека веже е разговарано со сите надлежни институции за изнаожање решение за дислокација на депонијата.
Од Зелен хуман град апелираат на посериозен пристап на решавање на овој проблем со депонијата бидејќи страда цело Скопје поради спуштањето и задржувањето на отровниот чад во котлината, тешки метали кои навлегуваат длабоко во земјата, влијае сериозно на здравјето на луѓето и животните особено кај акутно и хроничните респираторни заболувања (астма, бронхитис, опструктивна болест на белите дробови) но и дека постои зголемен ризик од карциноми поради долготрајна изложеност на токсични гасови како и оштетување на кардиоваскуларниот и нервниот систем.

