Депонијата "Буково" повторно опожарена, жителите на околните села се гушат во чад

Повторно се запали депонијата „Буково“ во охридскиот регион, а најдиректно погодени се жителите од околните села. Додека противпожарните екипи и комуналните служби на терен се борат да ги задушат последните жаришта под слоевите отпад, за луѓето кои живеат во непосредна близина, ова се непроспиени ноќи и борба за чист, воздух.Густ чад, миризба на изгорена пластика и затворени прозорци во сред лето. Ова е сликата особено во селото Крушје, кое се наоѓа во непосредна близина на депонијата. Секоја нова активност или палење на депонијата за овие луѓе значи директна закана по нивното здравје. 

Според ЈП Комуналец пожарот е локализиран,a во интервенцијата учествувале екипи на претпријатието, припадници на Територијалната противпожарна единица од Охрид, како и цистерна на јавното претпријатие. 

,,На депонијата е направен пресек со цел да се спречи ширењето на пожарот кон останатиот дел од депонијата. Континуирано се носи и дополнителни количини на земја, која се користи за покривање и задушување на жариштата, согласно состојбата на терен и потребите од интервенцијата. На овој начин се преземаат дополнителни мерки за целосно задушување на пожарот и спречување на негово повторно активирање.Екипите остануваат на терен за следење на состојбата и навремено реагирање." информараат од охридски Комуналец.

Активистите од "Збогум Буково" кои со години апелираат на редовна превенција се до целосното затворање на ѓубриштето пак порачуваат дека повторувањето на пожарите  е резултат на несоодветното третирање со отпадот.

Драгана Карашова активист "Збогум Буково"

Решението за целосно затворање на оваа депонија е изградбата на регионалниот центар за отпад во Новаци а последните информации од властите се дека проектот тече според предвидената динамика и дека до крајот на 2027 година ќе се затворат сите проблематични депонии од Југозападот вклучувајќи ја и депонијата Буково која со децении е рак рана за Охридскиот и Преспанскиот регион.