Деновиве ќе биде исплатено дедеве-то на граѓаните, а за дел од фирмите кое доцни и до една година, непознато
Доцнењето на повратот на ДДВ од страна на државата за дел од компаниите е поради зголемените контроли кои се прават при проверка на документацијата.
Директорката на УЈП Елена Петрева вели дека нивните проверки покажале дека дури половина барањата за поврат на ддв од фирмите биле со неправилна пресметка или неправилно поднесени. Сепак информациите на Телевизија 24 велат дека кај дел од компаниите повратот на ДДВ доцни и до една година.
Елена Петрова директорка на УЈП 15.14
„Мораме ние да ги правиме тие контроли бидејќи на тој начин штитиме да не се одлеваат средства од буџетот. Секоја контрола завизи од големината на компанијата и комплексноста, а некогаш е потребно и проширување, проверка на деловни односи со други компании а некогаш контолите може да бидат и побрзи и поедноставни. “
Не само компаниите со реакции во јавноста и на социјалните мрежи излегоа и поголем дел од граѓани кои се жалат дека доцни исплатата на Мој ДДВ. Граѓаните си ги бараат парите од скенираните фискални сметки,а директорката Петрова вели, процфесот е во тек. До сега за третиот квартал испалтени биле 550 милиони денари а подготвени биле налози од над 370 милиони денари.
Елена Петрова директорка на УЈП 17.04
„Може и таму да дојде до определени застои на реализацијата кај некои физички лица за кои податоците не се усогласени или не е валидна транцасиската сметка таа што ја пријавило лицето па не се совпаѓа дека таа е негова смета.“
Инаку, денеска на денот на даночните работници Петрева соопшти дека од јануари до октомри УЈП собрала 260 милиони евра повеќе пари во однос на истиот период лани. ДДВ-пријавите за јануари – септември периодот 2025 година изнесува 95%.

