Денови на жалост во Македонија

Идентификувани се сите 59 жртви од пожарот што избувна во кочанскиот диско клуб викендов. Вкупно се 196 повредени од кои 20 деца.

Според последните официјални бројки 93 се на лекување во скопките болници и 80 транспортирани во странство.  

Директорот на градска општа болница „Осми септември“ Синиша Стојановски изјави дека денесуваните пациенти во оваа болница биле со стабилни витални параметри.

Потешките случаи ќе се испраќаат во Италија Белгија и Холандија Од здравство информираа дека до утрово 76 пациенти се испратени на лекување во странство. Бугарија, Србија, Грција, Италија, Хрватска, Турција се само дел од државите каде се транспортирани за лекарски третман.

Вчера околу 19:00 часот во ургентно одделение на клиничкиот центар Србија примено е осум пациенти повредени во пожарот во Македонија. Со претходно примените 9 вкупно се 17 пациенти хоспитрализирани во нашата установа. Се работи за пациенти со штешки телесни повреди, процентот на изгореници по телото е до 25 отсто. Сите имаат симптоматологија на респираторниот тракт, некои поради термичките други поради инхалација на токсични материи. По приемот започнати се реанимациски мерки и продолжено со лекувањето.

Синоќа околу три часот по полноќ совозила на брза помош се донесени два машки пациента овде кај нас. Станува збор за една малолетна личност. Еден пациент има полесни изгореници од прилика 10 проценти, без инхалација. Раните засега немаат потреба од интензивно лечење. Вториот пациент исто така има изгореници од 10/ 15 проценти кој инхалациска повреда која бара интензивно лекување.

Во Грција има три пациенти кои се во критична состојба.

Според последните информации во Бугарија се примени осум во „Пирогов“ кои се на апаратна вентилација и остануваат на реанимција. Во Варна трите пациента се во тешка состојба, два на апаратна вентилација и еден со кислородна пордшка. Пациентите транспортирани во Пловдив се со тешка но стабилна состојба и лекувањето продолжува на интензивна нега.

Трагедијата во кочанскиот диско клуб ги сплоти сите држави во регионот и пошироко 70% од повредените се транспортирани надвор од Македонија на лекување.