„Денови на македонската литература“ на Филолошкиот факултет при УКИМ
Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје неделава ќе ја посвети на македонската литература. Во организација на Катедрата за македонска книжевност и култура ќе се одржи годинешното издание на манифестацијата „Денови на македонската литература“. Со предавања на еминентни професори од земјата и од странство и со настан преку кој се обедини креативниот потенцијал на студентите од повеќе генерации, информираат од Катедрата за македонски јазик и книжевност при УКИМ.
Манифестацијата, како што велат, ќе биде отворена на 3 април во 12 часот со предавање на проф. д-р Виолета Пирузе-Тасевска, којашто целиот свој работен век го минала на оваа Катедра на Филолошкиот факултет. Предавањето ќе биде на тема „Српскиот и македонскиот книжевен романтизам“, а ќе се одржи во Библиотеката за македонска книжевност и култура на Филолошкиот факултет.