Денот на рибарите во Охрид

Со "Денот на рибарите" денеска продолжија богојавленските чествувања во Охрид. Според традицијата денеска се капат рибарите во Охридското Езеро, а со овој ден порано се означувал крајот на мрестот на пастрмката и почетокот на сезоната на риболовот.

Но, поради забраната за изловување риба, празникот охриѓани денеска го одбележаа со староградска музика, топла ракија, по некоја охридска плашица, а среќниот фаќач на крстот и неговата тајфа се капеа во осветените води кај Сараиште.

Старите охриѓани пак се присетуваа на минатите времиња.Рибарите пак велат рибниот фонд  полека закрепнува,но се потребни почести порибување. 

Освен охриѓани, на денешната манифестација имаше гости од земјава но и од странство кои изразија воодушевување за традицијата која секоја година достојно се продолжува во Охрид.

Според кажувањата на старите жители на градот, на овој ден рибарите излегуваат да ја прослават и покажат својата приврзаност кон езерото.