Денеска завршува пописот

По низа технички проблеми, хакерски напади на системот, без доволен број попишувачи - Македонија кончено се преброи - по 20 години спроведена најголемата статистичка операција. Пролонгирање на рокот нема да има уверуваат од статстика.

Последниот ден од оперцијата се одвива без проблеми, се прават завршните активности.  

„Во тек се последните теренски проверки за попишување на оние домаќинства кои од разни причини не биле опфатени досега. Во поголемиот дел од општините низ државата теренските активности се завршени и таму се одвиваат технички активности на раздолжување на попишувачите. Во одредени средини, попишувачите се на терен и се уште посетуваат домаќинства за никој на да не биде испуштен.“ - ДЗС.

На терен, во последните часови од пописот во земјава зголемен беше и интересот на граѓаните да се попишат. Оние кои што не упеале тоа да го направат во своите домови се попишуваа во пунктовите кој статстика ги отвори во општините.

- Анкета: „Дојдов да се попишам сам, не бев дома кога дошле попишувачите...“ „Ме попишаа дома....“ „Да да дојдоа дома да ме попишат....“

Сепак има и граѓани кои остануваат на ставот дека не планираат да одат до реонските пунктови за попишување и ќе чекаат до последен момент дома да бидат попишани. Дел од граѓаните преку социјалните мрежи реагираат и на бавното теренско попишување.

Според надлежните никој нема да биде изоставен. Луѓето кој одбиваат да се попишат треба да бидат санкционирани, изјави денеска премиерот Зоран Заев. 

Заклучно со 29 септември според податоците на статистика попишани се над 1.8 милиони граѓани, повеќе од 562 илјади домаќинства и над 820 илјади станови. Можноста за самопопишување на лица во странство досега ја искористиле над 203 илјади лица.