Денеска се регистрирани 54 нови случаи на Ковид 19, нема починати
Foto

Денеска се регистрирани 54 нови случаи на Ковид 19, нема починати

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: 

Во последните 24 часа се направени 3.764 тестирања, а регистрирани се 54 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 16, Тетово – 9, Битола и Дебар – по 6, Куманово – 5, Кочани – 3, Гостивар и Струмица – по 2, Прилеп, Кавадарци, Охрид, Радовиш и Валандово – по 1. 

Регистрирани сe 12 оздравени пациенти од: Скопје – 7, Тетово - 3, Кочани и Гостивар – по 1. 

Не се регистрирани починати пациенти. 

Направени се 3.764 тестови преку: ИЈЗ-108, ЦЈЗ Скопје-71, ЦЈЗ Битола-49, ЦЈЗ Прилеп-46, ЦЈЗ Тетово–21, ЦЈЗ Куманово–27, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-11, Институт за микробиологија–21, Жан Митрев (Филип Втори)-37, Авицена-165, Биотек-144, Систина-86, лабораторија Лаор-410, Синлаб-27, Ремедика-19, Плодност–24, Генеа–3, Никоб лаб-743, ВФВ Медикал-35, Ели Медика-3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.714.  

Досега во земјата се направени вкупно 966.813 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.225 бројката на оздравени пациенти е 150.333, на починати е 5.491, а бројот на активни случаи изнесува 401.

0 Коментари

Остави коментари