Денеска се отвори скопската зоолошка откако беше затворена поради птичји грип
По 21 ден под кчуч поради птичји грип зоолошката градина во Скопје повторно отворена. Постапено е по сите препораки, направени се сите контроли вели директорот на зоолошка Скопје Зоран попов за тв 24.
Зоран Попов – директор на зоолошка Скопје
„За среќа ја отворија зоолошката градина после 21 ден, за несреќа ја затворија состојбата и како претходно е супер добра животните повторно ќе се израдуваат на џагорот детски Постапено како што е наредено од агенцијата за храна и ветеринарство извршена комплетна дезинфекција на зоолошка градина, не дека пред тоа не се изведувало ние еднаш годишно секако правиме дезинфекција на целата зоолошка градина.
Денеска саботно во зоолошката градина имаше посетители, најчесто родители со деца кој го искористија сончевиот за забава во зоолошката градина.
Анкета – граѓани
„Јас сум воодушевена, ние дојдовме од ниш и многу ни се допадна и баш прокоментиравме, како има врста на доста животни.“
„Се е супер нема потреба. “
Затворањето поради птичји грип беше едена од историски ретките ситуации во кои со недели се стави клуч на зоолошката.
Зоолошката градина во Скопје беше затворена 21 ден откако кај една од птиците беше потвредн птичји грип. По што екипите на агенцијата за храна и ветеринарство влегоа во зоолошката и убија 36 птици.
Овој инцидент предизвика бурни реакции во јавноста особено што протекоа видеа на кои се гледаше како се постапува со птиците
Зоран Попов – директор на зоолошка Скопје
„Од наша страна е се испочитувано како и сега така и претходно за жал најден е вирусот птичји грип ка таа единствено угината гуасна, додека кај сите други што беа немилосрдно утепани не е пронајден ни во една шатга гуска патка така да ќе видиме дали е тоа валиден резултат ќе си покаже натамошната истрага “
Изминатите години во зоолошката угинаа голем број на животни како жирафи, слон, коњи , лав, птици. За дел од нив раководството тврдеше дека причината е староста на животните.
Но, јавноста сведочеше и на ситуации во кои се отвори прашањето за хумано постапување со животните како она со колењето на 10те коњи за кои организацијата анимамунди побара да се отвори истрага.
Зооолошката градина го изгуби кандидаттскиот статус за Членство на европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми.