Денеска се очекува оценка на обвинителниот акт за трагедијата во дискотеката „Пулс“

Денеска се очекува оценка на обвинителниот акт за предметот за дискотеката „Пулс“, а Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски најави наскоро обвинение и за полициските службеници. Во тек е постапката и за индициите за нови инволвирани, по текстуалните пораки кои беа објавени деновиве. УЈП суспендираше инспектори поради сомнежи за поврзаност со трагедијата во кочанската дискотека, во која изгореа 62 лица.