Денеска прилепските велосипедисти протестираа под мотото „Утре можи да бидеш ти“.
Десетици членови на велосипедските здруженија „Прилеп на точак“ и „Вело че“ излегоа на мирен протест во центарот на Прилеп за да го изразат својот револт и загриженоста бидејќи се чувствуваат небезбедни на улиците и патиштата. Повод за нивниот протест е трагичната сообраќајна несреќа пред два дена кога млада жена со велосипед загина по удар од автомобил..
Полицијатаподнесе кривична пријава против 26 годишно момче од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „не укажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ . На 09.06.2023 околу 19.45 часот на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп, пријавениот со патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки удрил во велосипед управуван од А.Ц.(42 Години) од Прилеп и го напуштил местото, а од здобиените повреди А.Ц. починала на местото.
Подоцна, во полициска станица неговиот татко Р.П.(54) пријавил дека го управувал возилото, но по преземени мерки било утврдено дека Д.П. Го управувал возилото. Тој бил задржан во полициска станица и во службен разговор го признал делото.