Денеска пресуда за случајот „Тот“
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска според најавите треба да биде изречена пресудата во случајот со ракометарот Денис Тот.
За кривичното дело убиство се гонат обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски.
Согласно обвинителниот акт, тие се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го претепале до смрт хрватски државјанин.
На претходните рочишта обвинетите се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делото кое што им се става на товар. Одбраната побара ослободителна пресуда за обвинетите бидејќи според нив станува збор за обична тепачка, а не за убиство со умисла.
Обвинителката пак остана на барањето за осудителна пресуда во случајот.