Денеска нема да се одржи Маршот за ангелите, се одложува поради празникот Водици

Здружението на граѓани „16-ти март 2025“ соопшти дека денеска нема да се одржи  „Маршот на ангелите“. Како што наведуваат од здружението, одлуката за одложување е донесена од почит кон големиот православен празник Водици, период кога верниците духовно се собираат, се осветува водата и се потсетуваат на значењето на Божјата благодат. 

„Во духот на празникот, деновите пред Водици ги посветуваме на тивка молитва, смирение и внатрешен мир — за нашите ангели, за здравје во сите семејства и за сите кои чекорат со нас“, се наведува во соопштението. 

Од здружението истакнуваат дека целта на оваа одлука е да се покаже почит кон духовната традиција и верските обичаи, со надеж дека Божјата милост ќе биде со сите.