Денеска ќе се одлучува дали ќе се бара притвор за адвокатот на Палевски
Адвокатот на прво-осомничениот за двојното убиство, Васко Стојков синоќа бил приведен во Скопје и денеска ќе се одлучува дали ќе биде побаран притвор за него. Тој пред неколку дена рече дека Љупчо Палевски побарал од него да го однесе во Белград на лекарски прегледи и дека не знаел дека е осомничен за убиствата.
Министерот за правда, Кренар Лога очекува соработка со турските правосудни органи и во најкус можен рок Палевски да биде изведен пред органите на правдата во нашата земја. Побарано е Палевски да биде задржан во притвор се до завршување на постапката за екстрадиција. За неговото лишувањето од слобода добиено е и официјално известување од Интерпол.