Денеска и утре „Лајка-фест“ во Градски парк – едукација за сопствениците и можност за вдомување на миленик

По вчерашната панел-дискусија во Град Скопје, Јавното претпријатие „Лајка“ денеска и утре организира едукативно-забавен настан „Лајка-фест“ во Градски парк, посветен на вдомување, одговорно сопствеништво, едукација и заедништво помеѓу граѓаните и животните.