Денеска е светскиот ден за безбедност при работа
Со засадување на 17 фиданки колку што имало жртви во изминатата година на кои животот им завршил додека биле на работа, македонското здружение за заштита при работа го презентира годишниот извештај за 2024 година.
Единствена професионална граѓанска организација од областа на заштитата при работа во Македонија која почнувајќи од 2008 година објавува вакви извештаи за случени несреќи на работното место. Начинот за прибирање на информациите за изработка е од податоци објавени од медиумите во Македонија.
Лани според извештајот најмногу се гинело во деновите вторник, четврток и петок; во месеците јануари и октомври; најмногу на возраст од 30 до 40 години и 55 до 65 години, сите жртви се од машки пол.
Од Здружението велат дека направено е нацрт верзија за корекција на законот со учество на експерти уште во 2019 година за која имало и две јавни расправи.
Ова е 17ти извештај што го објавува МЗЗПР. Потребно е градење на партнерски однос со синдикатите, организациите на работодавачите, медиумите, здруженијата од регионот. Од здружението велат дека несреќите при работа може да се спречат, но од суштинско
значење е да се научат лекциите како до нив да не дојде. Со заеднички сили меѓу сите чинители: работници, синдикати, работодавачи може да се постигнат целите да има помалку несреќи на работните места додаваат од МЗЗПР.