Денеска е Младенци

Празникот на пролетта 22 март, младите го празнуваат како свој ден, ден на младоста, љубовта и убавината. Истиот ден Светата Православна црква го празнува споменот на 40 војници од Севастија кои маченички загинале за Христовата вера.

Христијански обичај е во првата година од својот брак на 22 март младите да слават Младенци. На тој ден, во црква се носат свеќите од венчавката за да се догорат.

Во денови на жалост, традиционалното собирање и прослава треба да изостане. Наместо тоа, младенците утре можат да го одбележат празникот со молитва.

 

Инаку, 22 март младите брачни парови го празнуваат како свој ден, како ден на младоста, љубовта и убавината. Истиот ден Светата православна црква го празнува споменот на четириесетте војници од Севастија кои маченички загинале за христовата вера.