Денеска аукција за обезбедување електрична енергија за „ЕВН хоум“

Денеска ќе се одржи аукција на која ќе се види цената за струјата на ЕСМ која е наменета за домаќинствата и малите потрошувачи  и колкаво ќе биде поскапувањето на струјата од 1 јули. Претседателот На ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за состав на Владата Христијан Мицкоски најави дека ќе поднесат нов закон за струја. Упати порака до универзалниот снабдувач  при набавката  да се води прво од интересите на граѓаните и да се држи кон чесен и одговорен пристап.