Денеска 25. Протестен „марш за ангелите“ во кочани

Родителите и граѓаните ќе маршираат од „Паркот на Револуцијата“ преку Трговскиот центар и зградата на Управата за јавни приходи до Полициската станица.

Оттаму маршот ќе продолжи кон Основниот суд и Обвинителство во Кочани.

- Овој марш е симбол на заедништво, достоинство и глас кој бара одговорност. Го посветуваме на ангелите што никогаш нема да бидат заборавени и на борбата за вистината која им ја должиме. Ги повикуваме сите граѓани, без разлика на вера, етникум или политичка припадност, да ни се придружат и заедно да покажеме дека правдата за нашите ангели е над сè, се наведува во соопштението на Здружението „16 -ти Март 2025 г. Кочани“.

Маршот вообичаено завршува од местото на поаѓање во „Паркот на Револуцијата“ во Кочани.