Денес се одржува Галичка свадба
Во Галичник денеска на Петровден се одржува традиционалната културна манифестација Галичка свадба 2026.
И годинава се очекува Галичката свадба да ја проследат бројни посетители од земјава и странство и да посведочат на единственото доживување што го нуди оваа вековна традиција, исполнета со свадбарски обичаи, автентични носии, изворни песни и ора кои претставуваат живо сведоштво за богатото културно наследство на мијачкиот крај.
Галички младоженци се Александар Пендароски и Мартина Михајлова. Годинава се навршуваат 35 години од првата современа Галичка свадба одржана во 1991 година, кога биле венчани родителите на Александар. Нивното учество на Галичката свдба е продолжување на едно семејно наследство и силна поврзаност со Галичник и неговите обичаи и традиција.

