Денес почнува пролет, од викендот летното сметање на времето

Денеска во 22.24 часот на северната хемисфера, почнува пролетта. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи есента.

 

Според астрономските критериуми, пролетта трае до 21 јуни (16:57 часот), односно 92 дена, 17 часа и 33 минути. А, според метеоролошките критериуми, пак, пролетта започна на 1 март и ќе трае до 31 мај.

Пролетта започнува кога Сонцето во своето очигледно годишно движење го преминува Екваторот и се движи кон север. Тој ден Сонцето изгрева точно на исток (05:42 часот) и заоѓа на запад (17:50 часот). Денот и ноќта траат по 12 часа и се еднакви, па тој ден се нарекува пролетна рамноденица.

Освен тоа, на 26 март, в недела, започнува и летното сметање на времето,

Летното сметање на времето ќе почне ноќта меѓу 25 и 26 март кога стрелките од часовникот треба да се поместат еден час нанапред. Односно во 02.00 часот стрелките на часовникот одат еден час нанапред и ќе биде 03.00 часот.