Денес ќе знаеме кои празници ќе ги славиме заедно со Бугарија и што ќе се подобрува во учебниците

Македонскиот тим во Билатералната мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања со Бугарија денеска ќе одржи брифинг во просториите на Министерството за надворешни работи во Скопје.

Тема на брифингот, како што соопшти МНР, се усвоените решенија на Комисијата за заедничките чествувања и препораките за подобрување на учебниците по историја за шесто одделение во Северна Македонија и петти клас Бугарија.

По завршувањето на брифингот, копретседателот на Комисијата, Драги Ѓоргиев ќе даде изјава за медиумите.