Дендиас: Факт е дека е зајакната довербата меѓу Грција и Северна Македонија
Foto

Дендиас: Факт е дека е зајакната довербата меѓу Грција и Северна Македонија

И покрај сите тешкотии што главно се должат на нестабилната политичка состојба во соседната земја, факт е дека довербата меѓу нашите земји е зајакната, вели шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас во интервју за весникот „Етнос“, говорејќи за односите меѓу Грција и Северна Македонија по Договорот од Преспа.

Министерот за надворешни работи на Грција истакнува дека земјата негува односи на доверба со сите балкански држави и поддршка на земјите од регионот на нивниот пат кон ЕУ.

-Договорот од Преспа имаше навистина впечатливи слабости. Ова го истакнавме како опозиција, но изјавивме дека ќе го почитуваме потписот на нашата земја, како што мора да направи секоја одговорна влада. И покрај сите тешкотии, што главно се должат на нестабилната политичка состојба во соседната земја, факт е дека довербата меѓу нашите земји е зајакната. Ова е позитивно. Денес, грчките воздушни сили го надгледуваат воздушниот простор на Северна Македонија, на нашиот сојузник во НАТО и потенцијален иден партнер во ЕУ, вели Дендиас за „Етнос“.

0 Коментари

Остави коментари