Ден на жалост во БиХ - вчера згаснаа 8 млади животи!
Foto

Ден на жалост во БиХ - вчера згаснаа 8 млади животи!

Во БиХ денеска е Ден на жалост откако вчера згаснаа 8 млади животи. Осум тинејџери новата 2021 година ја дочекале во викендичка во селото Трибистово, кај Посушје, по што го загубиле животот најверојатно како последица од гушење со плин кој го користеле за да се греат. 

Безживотните тела на тинејџерите ги пронашле соседите утрината на 1 јануари.

Западно-херцеговскиот кантон прогласи тридневна жалост.

Резултатите од обдукцијата се уште не се готови.

0 Коментари

Остави коментари