Ден на влашката култура и традиција на „Десет дена Крушевска Република“

Во рамките на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ денешниот ден во Крушево е посветен на влашката култура и традиција. Вечер од 21 часот на летната сцена зад музејот на НОБ на Гумење ќе се одржи вечер на влашките песни.

Утре, пак, сабота, на истата локација на летната сцена на Гумење е крушевската вечер во која локалните ди-џеи ќе приредат забава за присутните и гостите во Крушево, а в недела, на 7 август како дел од Манифестацијата е програмата за деца. На летната сцена кај музејот на НОБ учесници од фестивалот „Весели ѕвончиња“ ќе изведат песни и ќе им донесат радост на најмладите.