Ден на слепите лица: Македонија уште многу треба да работи за задоволување на нивните потреби!
Унапредување на патната инфраструктура, тактилни патеки, безбедни премини и пристапно опкружување, не само во центрите на градовите, туку и во населбите, враќање на повластениот превоз, разграничување на личната асистенција и унапредување на додатокот за попреченост ова се само дел од барањата на слепите ица кои директно беа адресирани во Законодавниот дом прет претставници на законодавната и извршаната власт. Побараа, Фондот за здравствено осигурување да обезбеди поедноставен и помалку оптоварувачки пристап до белиот стап и другите помагала, како и враќање на правото на придружник при болничко лекување и рехабилитација. Посочија дека дигиталната пристапност мора да стане правило, а не исклучок. Клучно е според, слепите лица ратификација на Маракешкиот договор.
пратеникот и претседавач на Интерпартиската парламентарна група (ИППГ) за правата на лицата со попреченост, Никола Мицевски, нагласи дека пристапноста до јавните простори, тротоарите, институциите и информациите не е дополнителна поволност или луксуз, туку основен предуслов за остварување на човековите права и обезбедување еднакви можности.
Слепите лица денеска во Собранието потенцираа дека денеска на одбележувањето на Денот на белиот стап парадоксално е тоа што самиот бел стап не е достапен за слепите лица.

