Ден на независноста на Македонија
За државните прашања мора да има единство бидејќи земјата освен членството во ЕУ нема друга алтернатива но и време е за обединуваење и борба против криминалот и корупцијата кои не смеат да бидат над законот . Ова е пораката која под мотото „Заедно се бориме заедно ќе успееме“ ја испрати премиерот Христијан Мицкоски од централната манифестацијата која се одржа во македонската филхармомонија по повод Денот на независноста . Мицкоски се осврна на повеќе клучни прашања но не пропушти прилика да порача никој да не се обидува да ја дестабилизира државата штитејќи ги своите лични интереси .
Премиерот со порака и до опозицијата дека како што порача време било да застанат на здрави нозе и да бидат главен коректив на власта но и да учествуваат во важните државнички одлуки наместо како што рече да бидат приврзок на криминалните структури .
Во својот говор срочен во 10 точки Mицкоски не пропушти прилика да се осврне и на образованието , економијата економскиот раст и развој но и како што рече државата мора дa има стратегија како да го спречи егзодусот на младите кои заминуваат од земјава .