Ден на независноста - 32 години самостојна и суверена држава

Под мотото „Гласник на слободата“ денеска со повеќе активности, во организација  на Владата, се одбележува Денот на независноста на Република Северна Македонија - 8 Септември. Најавена е бесплатна посета на музејски и галериски поставки во ликовните салони и археолошки локалитети низ целата држава, тактичко показни вежби и изложба на единиците на Армијата и на Министерството за внатрешни работи, спортски активности во соработка со Агенцијата за млади и спорт, културно-уметнички програми.

Активностите стартуваа синоќа во Скопје со свечена академија на тема „32 години независност“.