Ден на наука, малку пари за научниците
Науката е движечка сила во секое општество, без наука нема развој, но, поразителен е фактот дека Македонија има научници, кои не се доволно финансиски стимулирани, сметаат универзитетските професори.
Иако во светот се зголемуваат вложувањата во истражувања, земјите во развој, сè уште инвестираат помалку од 1 процент од нивниот Бруто Домашен производ, вели Ректорката на УКИМ, Биљана Ангелова.
За да се задржат младите научници во државата, потребни се пред сè финансиски средства, но поразителен е фактот, дека буџетот за наука предвиден за оваа година е еден од најниските во последните години, посочуваат повеќе универзитетски професори.
Сепак, и покрај тоа што не се вложува доволно, Македонија е на солидно ниво, кога станува збор науката и научните истражувачки дејности во државата, тврди ректорот на штипскиот универзитет, Дејан Мираковски.
Инаку, денес се одбележува Светскиот ден на науката и по тој повод беа доделени признанија и годишни награди на најдобрите научници, кои имаат достигнувања во полето на науката во текот на изминатата година.