Ден на македонските пожарникари
„На овој ден, во 1836 година за прв пат се појавува организирана служба за противпожарна заштита на територијата на Македонија. Со текот на годините, таа опстојувала, се развивала и се усовршувала и во рамките на можностите одговарала на потребите на своето време.“
Одговарајќи на потребите во своето време, Сретко Цимевски, 40 години го поминал работниот век во противпожарната бригада во Скопје. Вели многупати досега бил соочен со опасност од пожари, пламените јазици вели не се едноставни а во таа борба се вложува максимум.
Командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Ѕвонко Томевски им се заблагодари на своите колеги и колешки за кои кажа дека иако работат во услови на недоволна кадровска екипираност и опрема, бележат успеси на своите работни задачи.
Скопската градоначалничка Данела Арсовска со барање до новата Влада која допрва ќе се формира, пожарникарите да добијат повисоки плати. Поради бирократски процедури таа обвини дека петнаесет години не може да им се овозможат нови униформи ниту вработувања.
Големината и важноста на пожарникарите најмногу е видлива во опасни ситуации бидејќи како што вели народната со оган нема играње. Македонија досега неколкупати беше зафатена од големи пожари во кои клучната улога ја имаа токму противпожарните единици во земјава. Тие денеска уште еднаш упатија апел-навреме да се екипираат единиците со подмладок и да се вложи во овој сектор од кој зависат илјадници животи.