Ден „Д“ за светот - заврши првата фаза од преговорите меѓу САД и Иран за војната на Блискиот Исток

Заврши првата фаза од разговорите меѓу САД и Иран...По неколку часа преговори во Исламабад, двете делегации размениле текстови – со кои потврдуваат дека се на иста линија за главните точки за кои дискутираа.

Преговорите сега продолжуваат со цел да се финализираат техничките детали...

Влада на Иран

„Разговорите меѓу Иран и САД влегоа во „фаза на експертско ниво“, во која комисии специјализирани за економски, воени, правни и нуклеарни прашања се среќаваат меѓусебно. “

Преку 70 лица, вклучувајќи преговарачи, експерти, претставници на медиумите пристигнаа во Пакистан како поддршка на Иранските преговарачки тим додека САД исто така донеле „целосен тим експерти за сите релевантни области“, потврдија од Белата куќа...Од Иранската делегација, тврдат дека САД, се согласиле да ги ослободат замрзнатиет Ирански средства од банките во Катар, нешто што официјален Техеран го побара во планот од 10 точки кој го испрати на американската администрација..

А додека траеа преговорите во Пакистан, според  Централната команда на САД, два разурнувачи на американската морнарица почнаале со расчистување на мини во Ормускиот теснец. Доналд Трамп пак тврди дека Иран е поразен во војната..

Доналд Трамп – претседател на САД

„Единственото нешто што го имаат е заканата дека некој брод може да „удри“ во една од нивните морски мини, патем, сите 28 нивни бродови за поставување мини исто така лежат на дното на морето. Сега го започнуваме процесот на расчистување на Ормутскиот теснец како услуга за земјите од целиот свет, вклучувајќи ги Кина, Јапонија, Јужна Кореја, Франција, Германија и многу други. Неверојатно, тие немаат храброст ниту волја сами да ја завршат оваа работа.“

Американските интереси ги бранат потвпретседателот Џ.Д. Венс, Стив Виткоф и Џаред Кушнер додека пак иранските позиции ги застапуваат  Мохамед Галибаф и Абас Арагчи ...Медијатор е началникот на пакистанската армија Асим Мунир...Пред да почне средбата, од Иранската влада порачаа дека се спремни за преговори , но само доколку таква е намерата и на САД...

Мохамад Реза Ареф – потпретседател на Иран

„Ако преговараме во Исламабад со претставници на „Америка на прво место“, веројатен е договор што ќе биде корисен за двете страни и за светот. Меѓутоа, ако се соочиме со претставници на „Израел на прво место“, нема да има договор; неизбежно ќе продолжиме со нашата одбрана уште поенергично од порано, а светот ќе се соочи со поголеми трошоци. “

Разговорите се потенцијално најзначајни директни контакти меѓу САД и Иран од исламската револуција во 1979 година. Односите меѓу двете земји се сериозно нарушени откако Доналд Трамп во 2018 година ја повлече САД од нуклеарниот договор кој беше постигнат 3 години претходно...Убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани во 2020-та година ја продлабочи кризата и ги прекина сите дипломатски контакти.