Ден „Д“ за светот – преговори за војната на Блискиот исток меѓу САД и Иран
Почнаа клучните преговори меѓу САД и Иран чиј исход ќе ја одреди иднината на Блискиот Исток. Двете страни денот го почнаа со средба со Пакистенскиот премиер, Шехбаз Шариф, а потоа на ред дојдоа и директните преговори меѓу американската и иранската делегација.
Разговори се водат меѓу американските претставници Џ.Д. Венс, Стив Виткоф и Џаред Кушнер од една страна и Мохамед Галибаф и Абас Арагчи кои ги застапуваат позициите на Иран...Медијатор е началникот на пакистанската армија Асим Мунир...Според најавите, главните преговори ќе завршат денеска, но во Исламабад и во следните денови ќе продолжат разговорите на пониско ниво каде што ќе се финализираат условите од договорот...Ормутскиот теснец, нуклеарната програма, санкците и прекин на нападите врз Либан, и натаму остануваат спортни точки меѓу двете завојувани држави...
Шехбаз Шариф – премиер на Пакистан
„Прогласено е привремено примирје, но сега претстои уште потешка фаза: фазата на постигнување трајно примирје и решавање на сложените прашања преку преговори.. Ова е таа фаза која ќе биде клучна и која ќе доведе или до успех или до неуспех. “
Америка ја предводи потпретседателот на САД, Џej Ди Венс, заедно со специјалниот претставник Стив Виткоф и зетот на американскиот претседател, Џаред Кушнер. ..Пред да почне средбата Доналд Трамп се закани дека САД се подготвени за нови напади доколку преговорите не доведат до конечен договор...Уште еднаш изјави дека Иран е поразената страна во војната, дека земјата веќе нема армија и дека наскоро ќе го ослободат и Ормутскиот теснец..
Доналд Трамп – претседател на САД
„Единственото нешто што го имаат е заканата дека некој брод може да „удри“ во една од нивните морски мини, патем, сите 28 нивни бродови за поставување мини исто така лежат на дното на морето. Сега го започнуваме процесот на расчистување на Ормутскиот теснец како услуга за земјите од целиот свет, вклучувајќи ги Кина, Јапонија, Јужна Кореја, Франција, Германија и многу други. Неверојатно, тие немаат храброст ниту волја сами да ја завршат оваа работа. “
Иранската делегација во Исламабад е составена од 71 лице а ги предводат Мохамед Бакер Калибаф, претседател на иранскиот парламент и министерот за надворешни работи, Абас Аракчи...Групата ја именуваа Минаб 168 а авионот кој ги превезуваше Иранските претставници носеше фотографии и дел од личните работи на иранските ученици убиени на почетокот на војната на 28 февруари...Иако влогот е голем, Техеран не се надева дека преговорите ќе донесат поместуување на моменталните позиции...
Мохамад Реза Ареф – потпретседател на Иран
„Ако преговараме во Исламабад со претставници на „Америка на прво место“, веројатен е договор што ќе биде корисен за двете страни и за светот. Меѓутоа, ако се соочиме со претставници на „Израел на прво место“, нема да има договор; неизбежно ќе продолжиме со нашата одбрана уште поенергично од порано, а светот ќе се соочи со поголеми трошоци. “
И покрај пораките од двете страни дека нема да има поместување на позициите, аналитичарите сепак сметаат дека состојбата е поинаква и дека и Техеран и Вашингтон, сакаат крај на војната...
Мухамад Али – советник за национална безбедност
„Мислам дека оваа војна истовремено се одвива барем на три фронта. Едниот е бојното поле, што е кинетичкиот аспект, кој за среќа веќе некое време е запрен. Вториот е очигледно многу интензивната глобална, мултилатерална дипломатија. Кога потпретседателот на САД разговара со иранската страна, тие се свесни дека најмалку 50 земји го поддржуваат овој дипломатски напор. И третиот аспект е огромната цена што оваа војна и ја наметна на целата глобална економија. “
Разговорите се потенцијално најзначајни директни контакти меѓу САД и Иран од исламската револуција во 1979 година... Односите меѓу двете земји се сериозно нарушени откако Доналд Трамп во 2018 година ја повлече САД од нуклеарниот договор кој беше постигнат 3 години претходно...Убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани во 2020-та година ја продлабочи кризата и ги прекина сите дипломатски контакти.

