Демонстрантите во Иран нападнале стотици банки
Foto

Демонстрантите во Иран нападнале стотици банки

Иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хаменеи изјави дека САД се вклучени во „заговор“ со кој беа предизвикани масовните, насилни демонстрации поради поскапувањето на горивата.

За време на протестите, демонстрантите нападнале стотици банки, полициски станици и бензински пумпи, соопштија официјални лица од Техеран.

Хаменеи својата проценка ја изнесе пред членовите на волонтерските сили на Револуционерната гарда, силите на Басиџ кои помагаат за сузбивање на демонстрациите.

Еден пратеник рече дека властите за време на протестите уапсиле повеќе од 7.000 луѓе, а еден службеник за безбедност тврдел дека демонстрантите се обиделе да ја заземат иранската државна телевизија.

Иранските власти не дадоа никакви информации за повредените, уапсените или загинатите во протестите што избувнаа на 15 ноември, кога Владата најави зголемување на цената на горивата.

Амнести Интернешнл соопшти дека загинале најмалку 143 лица, што Иран го оспорува.

0 Коментари

Остави коментари