Демонстрантите од Кочани тужени од синот на газдата на “Пулс”

Дополнително оптоварување за семејствата на жртвите. Вака од здружението на семејствата на загинатите деца во кататсрофата во Пулс, 16 март 2025 г , ја коментираат приватната тужба која против 8 лица ја поднел Михаил Јованов, синот на сопственикот на Пулс, Дејан Јованов Деко .

Јованов со приватна тужба ги тужи демонстрантите за уништен инвентар во кафулето зад кои стојат Јованови кои ден по катастрофа во дискотеката на смртта, протестираа и го искажаа својот револт . 

„Здружение на граѓани 16 март 2025“

- Здружението недвосмислено се дистанцира од каква било форма на насилство и постојано се залага за законито, мирно и достоинствено изразување на јавниот револт. Во однос на настаните по трагедијата во Кочани, укажуваме дека според досега јавно достапните податоци не е утврдено постоење на кривично дело насилство, а постапките што се водат во моментот се иницирани врз основа на приватна кривична тужба за наводна имотна штета. 

Оттаму за ТВ 24 велат дека кривичната на Јованов иако не е нова и е правен механизам, сепак отвора многу сериозни прашања  и претставува дополнителен притисок за нив 

Телоп   „Здружение на граѓани 16 март 2025“

Фактот дека станува збор за постара тужба која дури сега се актуелизира во јавноста, иако формално не ја менува нејзината правна природа, реално има значително влијание врз јавната перцепција и претставува дополнително оптоварување за семејствата на жртвите. Здружението инсистира на почитување на принципите на правната држава и презумпцијата на невиност, но истовремено и на целосна кривична, институционална и морална одговорност за трагедијата. Секој обид за притисок, заплашување или индиректно санкционирање на граѓани кои мирно го оствариле своето право на протест го сметаме за спротивен на уставните и демократските вредност

Партијата Левица , која лидерската средба го отвори прашањето за еднократна помош на родителите од Владата, аспоред Апасиесв одговотот од премиерот бил дека Владата не може да ги обештети бидејќи објектот бил приватен, и порачувата на  Владата дека нема да дозволат фарса од трагедијата вп Кочани кадде жртвите се преставуваат као виновници, а виновниците како жртви .

Левица 

- Ова е слика на изопачен систем во кој жртвите се оставени без правда и поддршка, а осомничените добиваат простор да ги тужат граѓаните, па дури и деца, за да наплатат штета. И, не е случајно што сето ова се случува токму сега, кога победи партијата која со години го толерираше безредието, криминалот и клиентелизмот. Таа победа очигледно беше „ветер во грб“ за криминалните структури да се чувствуваат недопирливи и охрабрени да удираат по народот кој бара правда. 

Родителите на загинатите млади луѓе во повеќе аврати преку допис побараа од Владата да донесе одлука и да се изјасни за барањето з аеднократна помош, по што добија одговор дека владата нема донесено таква одлука.

Во последнатаизјава премиерот Христијан Мицксоки кажа дека повеќе немало да коментира з атаа тема. Колку за споредба  сите повредени лица и семејствата на загинатите во пожарот што избувна за Нова година во бар во Кран-Монтана ќе добијат по 10.000 франци, или околу 10.700 евра, објавија швајцарските власти. Станува збор за итна, еднократна помош за жртвите од трагедијата во која загинаа 40 лица, а 116 беа повредени.