Демократски сојуз: СТејт департментот алармира за корупција на Владата, а СДСМ го саботира предлог-законот за борба против висока корупција
Иако Стејт департментот во својот најнов извештај за човековите права во Македонија предупредува на корупцијата во која е вклучена Владата, судиите, затворските службеници и други функционери кои ја злоупотребуваат службената положба, владејачката СДСМ го саботира предлог-законот за борба против висока корупција кој Демократскиот сојуз го достави до собранието- вели првиот човек на партијата Павле Трајанов.
Според него пратениците од СДСМ намерно одолговлекуваат предлогот да се стави на дневен ред и да се отвори расправа. Демократскиот сојуз ги повикува сите пратеници да го поддржат овој законски проект со што ќе се отвори „војна против криминалот“ и ќе започне искоренување на високата корупција.