Демографијата во земјава коси – чија вина се празните и новозатворени училишта?

Заврши првата недела од новата учебна година. Година во која училишното ѕвонче не заѕвони во дури 26 училишта. Оптимизацијата е во полн ек и поради недостигот на деца првите резултати на терен се ставање клуч на врата, на училишта, претежно во руралните средини. Но, дали тоа е вистинскиот начин и дали оптимизацијата се движи во правилна насока, 24 на ова прашање побара одговор од универзитетскиот професор, Кирил Барбареев.

Откако Учебната 2026/2027 започна со дури 433 паралелки помалку, според министерката за образование и наука, Весна Јаневска актуелната состојба се должи единствено на демографскиот пад, со што и упати порака до првачињата, на првиот училишен ден.

Оваа необична порака на министерката предизвика лавина реакции во јавноста, што од родителите, што од политичките опозициски партии, па прашањето кое се поставува е, дали демографскиот пад е единствената причина за сè поголемиот број на празни и затворени училишта?

Инаку, за само една година има поразителни 26 новозатворени училишта и околу 3.000 првачиња помалку, што е показател за сериозноста на демографската криза и дека состојбата во образованието е алармантна.