Деменција - болест на 21 век
Foto

Деменција - болест на 21 век

20.000 пациенти во земјава боледуваат од деменција. Најмладата пациентка има само 36 години, а бројката на заболени секојдневно расте. Докторите велат во земјава болеста се препознава доцна најчесто поради неинформираност, но и ниската свест кај населението за редовни прегледи. 

Голем проблем е и тоа што државата не презема конкретни мерки за да им го олесни животот на пациентите.

Деменцијата е честа болест и на глобално ниво. Искуствата покажуваат дека и во светски рамки бројката на заболени од ден во ден се зголемува.

Деменцијата почнува да станува голем проблем. Од 50 до 100 милиони во светот живеат од деменција и секоја година има по 10 милиони нови кои пројавуваат симптоми на болеста. 

Ова е проблем што расте бидејќи самиот број на население расте. Трајно не се лекува, но може да се контролира со помош на лекарства. Намалената физичка активност, алкохолот, високиот крвен притисок, цигарите и повредите на мозокот се најчестите причини. 

Најголем ризик фактор е и лошата исхрана кој земав замав меѓу младите, па на тој начин се прави простор за развивање на болеста – вели Хелен Херман, претседател на Светската психолошка асоцијација.

Охрид деновиве е домаќин на Конгрес за деменција на кој учествуваат над 400 учесници, психијатри, невролози и невропсихолози од земјава и земјите од регионот, Европа и светот во организација на Светската и Македонската психијатриска Асоцијација.

 

0 Коментари

Остави коментари