Делови од хрватското приморје во оган-голем пожар во Омиш, еден починат, четиринаесет лица во болница, седум се борат за живот

Катастрофални пожари во Хрватска. Противпожарните екипи се обидуваат да ја стават под контрола огнената стихија која се доближи до градот Омиш..

Состојбата денеска е малку подобра но пожарот се уште преставува сериозна закана... Еден загинат, повеќе од 30 се повредени, меѓу кои пожарникари и граѓани кои се здобиле со изгореници...Десет лица се на интензивна нега, 7 во животна опасност...Пожарот зад себе остави пустош, изгорени куќи и автомобили.

Славко Туцаковиќ – командир на противпожарната служба

„Зад нас е исклучително тешка ноќ. Ситуацијата е сложена на подрачјето од Локва Рогозница до Омиш. Пожарникарите активно работат на запирање на пожарот. Противпожарните авиони веќе се на терен и почнуваат со гаснење. За жал, оштетен е голем број куќи и возила, причинета е огромна материјална штета. Во текот на мојата кариера немам доживеано ваков пожар. Некои возила синоќа се обиделе да се пробијат низ огнената стихија. Не ги почитувале упатствата на надлежните служби, возеле и гореле, а со тоа дополнително ја разгорувале огнената стихија. “ 

Пожарот првично избувнал во реонот на Локва Рогозница... Гореле трева, ниска вегетација и борова шума, но силениот ветер многу брзо го претворила локалниот пожар во голема огнена стихија која во текот на ноќта се проширила се до Омиш... Речиси 1500 лица се згрижени во прифатни центри во Омиш, а 300 се евакуирани во Сплит ..Од нив, 90 проценти се странски државјани...Многу туристи ги напуштиле сместувањата во последен момент, а дел од нив биле евакуирани со бродови...

„Се спасуваше жива глава, ништо друго не беше важно.“

„Гледам низ прозорецот од балконот на собата и гледам дека пожарот е некаде далеку. Но, за само половина час, огнот се приближи до Омиш. Нормално, човек го фаќаат немир и паника. Моравме да ги собереме работите и да си заминеме. Отидовме на друго место , но и таму пожарот се приближи. Потоа со автобус дојдовме овде.“

Локалните власти предупредуваат дека враќањето во домовите и туристичките објекти нема да се случи наскоро..Во гаснењето на пожарот веќе се ангажирани канадерите и пилотите на Хрватското воено воздухопловство а од Хрватската влада велат дека доколку треба и армијата е подготвена да помогне..

Андреј Пленковиќ – премиер на Хрватска

„Ова беше еден од најлошите пожари со кои сме се соочиле во изминатите години. Најважно е што, според она што го гледаме во моментов, засега нема човечки жртви. Сметам дека во услови на ваков разорен пожар, тоа е можеби една од подобрите вести.“ 

Во меѓувреме, уште еден шумски пожар избувна на полуостровот Пељешац..Поради брзината со која се шири во гаснењето се вклучија 4 канадери и десетина пожарникари...