Делови од Илинден и Кисела Вода без струја
Без електрична енергија денеска од 8:25 до 15:30 часот ќе останат корисниците од улиците со број „10“, „513“, „517“, „529“ и „532“ и објектите на фабриката Хавеп и Агрома во село Марино, општина Илинден.
Во периодот од 9:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улица „Томе Арсовски“ и улица „474“ во општина Кисела Вода.
Како што информира РЦУК - Скопје, прекините се поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа.

