Делегација на СПЦ преводена од патријархот Порфириј во посета на МПЦ-ОА
На денот на пристигнување на делегацијата од СПЦ предводена од патријархот Порфириј, се дотерува дворот на Соборниот храм. Откако вчера се поставуваше мермер на скалите, денеска се коси тревата, се менуваат цвеќињата и се чисти просторот, во и околу дворот на црквата. Граѓаните реагираат - црквата треба да биде чиста секогаш, а не само кога доаѓаат гости.
Дводневната посета на Порфириј ќе заврши утре, со заедничка литургија на поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан и патријархот на СПЦ, г.г. Порфириј, како продолжение на литургијата за помирување во храмот „Св. Сава“ во Белград – Прва по петдеценискиот спор помеѓу МПЦ и СПЦ. Отецот Ивица Тодоров во Студио 10 на ТВ24 вели, спорот датира од 1967 година, поради прогласување на автокефалност од своја страна.
Денешната средба на патријархот порфириј и поглаварот Стефан е најавена без повеќе информации, па не се знае дали преговорите помеѓу двете цркви ќе продолжат и денеска во Скопје, откако г.г. Стефан во Белград најави продолжување на дијалогот до конечно признавање на автокефалност на МПЦ-ОА. Во меѓувреме, заврши мајскиот сабор на СПЦ, но без одлука на српскиот сабор, дали ќе се бара афтокефалност за Охрдиската Архиепископија.
Литургијата за помирување од четвртокот и утрешната која треба да се одржи во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ ги поздрави и вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој вели, Вселенската патријаршија помогнала да се врати мирот и стабилноста на Балканот.