Делчев: Подалеку политиката од полицијата
Претседателот на Независниот полициски синдикат, Гоце Делчев упати силна осуда кон техничкиот премиер Талат Џафери поради неговото, како што рече, некултурно и непристојно однесување при разговорот со вработени во СВР Тетово и фактот дека тоа го снимаше.
- Подалеку политиката од полицијата, ако сакаат да се снимаат, политичарите можеа тоа да го сторат пред изборието пред полициските станици каде се вадат лични документи и каде граѓани чекаа редици“, рече Делчев.