Делата на кумановскиот уметник Кашавелски презентирани во светските метрополи, рангиран меѓу најдобрите десет реалисти во светот
Летово беше исклучително успешно за уметникот од Куманово, Синиша Кашавелски за кого кумановци со гордост велат дека е светско, а наше. Речиси и да не постои награда, меѓународно призната која не ја освои, ниту пак салон во кој не беше презентирано негово дело во светските метрополи.
Како врвен уметник, рангиран меѓу најдобрите десет реалисти во светот. Неговите дела несомнено се автентични и моќни, невообичаено привлекуваат публика, светска и домашна.
- Оваа година навистина е посебна за мене и мојата уметност. Фокусот беше ставен на учеството на многу престижни интернационални салони и изложби каде што освоив многу награди. Тие се резултат на неколку фактори. Прво, континуирана работа и посветеност на мојот креативен процес, кој постојано еволуира и се усовршува. Второ, поддршката од моите пријатели, семејството и колегите кои веруваат во мене и ме инспирираат да продолжам напред. И трето, отвореноста кон нови идеи и експериментирањето со различни техники и пристапи, кои ми овозможуваат да ја проширам мојата уметничка визија и да креирам дела кои резонираат со публиката, вели Кашавелски за плодната измината година.