Делата на 30 дизајнери на изложбата „Најдрагиот Пинокио“

Амбасадата на Италија во Скопје и ИТА Скопје, во соработка со Националната галерија на Македонија, организираат прослава на Денот на италијанскиот дизајн. Во рамките на тридневната програма, денеска во 13 часот во галеријата „Чифте-амам“ се отвори изложбата со наслов „Најдрагиот Пинокио“. Поставката ќе може да се погледне во наредните две недели, до 28 март.

Во објектот ќе биде презентирана изложба по повод 140-годишнината од првото издание на книгата „Авантурите на Пинокио - приказна за куклата“ од Карло Колоди, најпреведуваната италијанска книга во светот.

Во соработка со италијанската амбасада, изложбата на музејот за дизајн АДИ од Милано, пред македонската публика ќе го претстави дизајнерскиот проект „Најдрагиот Пинокио, италијанските дизајнери и графички дизајнери ја редизајнираат најпознатата кукла на светот“, куриран од Џулио Јакети.