Дела од Андреевски и Никола Иванов Балтон на ретроспективна изложба во САД
Foto

Дела од Андреевски и Никола Иванов Балтон на ретроспективна изложба во САД

Во галеријата „Вилма В. Даниелс“, еден од најрепрезентативните изложбени простори во Вилмингтон, Северна Каролина, САД, неодамна е отворена ретроспективна поставка со дела од колекцијата на меѓународната ликовна колонија „Без граници“.

– Како што најави кураторката на изложбата Вики Смит: „во ова ретроспективно искуство, со возбудливи и моќни дела од претходни гости, уметници од САД и од светот“ се и делата на македонските уметници Сергеј Андреевски и Никола Иванов Балтон, се вели во соопштението од Сергеј Андреевски.

Меѓународната ликовна колонија „Без граници“, како што посочи Андреевски, беше основана во 1998 година од страна на уметниците Памела Тол, Гејл Тастин и Дик Робертс, а инспирирацијата произлезе од нивното гостување на меѓународната ликовна колонија „Св. Јоаким Осоговски“ во државава. „Без граници“ беше формирана со потенцирана цел да ги зближи уметниците од целиот свет за да споделат уметност, култура и идеи со пошироката заедница.

– Во изминативе 22 години, освен Балтон и Андреевски (којшто беше и член на уметничкиот совет), на оваа ликовна работилница гостуваа и македонскит уметници: Глигор Чемерски, Димитар Стојчевски, Славко Упевче, Роберт Цветковски и Марјана Костојчиновска, се вели во соопштението.

Изложбата ќе биде отворена до 18 декември.

0 Коментари

Остави коментари