Дел од земјоделците прв пат слушаат за протест, дел ќе излезат на улица

Земјоделците за утре најавуват протест пред Владата за да го изразат своето незадоволство од актуелната аграрана политика иницирана од тивкешките лозари а на кој подршка ке дадат и градинари, овоштари и сточари. Но, дел од струмичките градинарски здруженија првпат слушнаа дека ќе има протест во Скопје ниту пак знаат кои ќе бидат барањата.

Според Велков годинава цените биле задоволувачки и нема причина за протести. Со сличен став се и од здружението Агро Струмешница. Велат дека имале солидни цени но исплатени субвенциии.

На утрешниот протест ќе излезат членовите од Кукла Градинар од Куклиш. Драги памуков вели дека џабе се високи цени кога нема кој да работи на полеи затоа Владата треба да создаде услови да се задржат младите во земјава.

Лозарите од Тивкешијата ќе го предводат утрешниот протест. Златко Стојчев од здружението Тиквешки лозаро овоштари смета дека Власта е глува на нивните барања.

Не гледам причин и повод земјоделците да протестираат пред Владата изјави министерот за земјоделство Трајан Димковски според кого сите аграрни политики, интервентни мерки и субвенции се планираат заедно со земјоделските здружениа.

.